Во првите три месеци од годинава во земјава влезени се околу 200 милиони евра странски директни инвестиции, што претставува позитивен тренд доколу се знае дека лани во текот на целата 2010 инвестициите ја достигнале истата бројка. Со тоа прогнозите на Виенскиот институт дека во земјава годинава ќе влезат вкупно 200 милиони евра инвестиции се погрешни. Aко за три месеци влегле 200 милиони, а институтот прогнозира дека за цела година ќе влезат толку, тоа значи дека станува збор за промаршување. Bо иднина треба да се консултираат со надлежните институции во земјава пред да даваат прогнози. Владата ќе продолжи да ги стимулира инвеститорите, а владините мерки повеќе ќе бидат насочени кон домашните компании. Тој најави отворање на нови индустриски зони, а една од нив и во Прилеп, каде што ќе има можност за отворање на нови погони кои ќе создадат нови работни места.
Во првите три месеци од годинава во земјава влезени се околу 200 милиони евра странски директни инвестиции, што претставува позитивен тренд доколу се знае дека лани во текот на целата 2010 инвестициите ја достигнале истата бројка.
Со тоа прогнозите на Виенскиот институт дека во земјава годинава ќе влезат вкупно 200 милиони евра инвестиции се погрешни, укажува министерот за финансии Зоран Ставрески. Според него ако за три месеци влегле 200 милиони, а институтот прогнозира дека за цела година ќе влезат толку, тоа значи дека станува збор за промаршување.
- Сметам дека во иднина треба да се консултираат со надлежните институции во земјава пред да даваат прогнози - смета министерот Ставрески и додава дека Владата ќе продолжи да ги стимулира инвеститорите, а владините мерки повеќе ќе бидат насочени кон домашните компании. Тој најави отворање на нови индустриски зони, а една од нив и во Прилеп, каде што ќе има можност за отворање на нови погони кои ќе создадат нови работни места.
Проценките на Владата се дека годинава нивото на странски директни инвестиции во земјава ќе достигне 350 милиони евра, а на среден рок тие ќе стигнат до половина милијарда. Од Агенцијата за странски инвестиции пак информираат дека инвеститорите повторно се загреани за Македонија. Според нив десетина компании од повеќе сектори, како што автомобилската индустрија и енергетиката, прават завршни анализи, а до есен се очекува да бидат склучени и конкретни договори.
- Има повеќе странски инвеститори кои најавија дека до крајот на оваа година ќе ги реализираат своите инвестиции во слободните економски зони. Сметам дека она што го правевме во изминатиот период кога вложивме многу напор да ја промовираме земјата и да ги подобриме условите за бизнис сега, со завршувањето на кризата, ќе дадат резултати. Ниските трошоци на работната сила, пред се, ниските даноци и стабилната макроекономска ситуација, ќе овозможат во Македонија да дојдат годинава многу повеќе инвестиции - смета Ставрески.
Рамка
Мисијата на ММФ во понеделник во Скопје
Буџетскиот дефицит, наспроти очекувањата, и покрај предвремените парламентарни избори, е задржан со дисциплинираната фискална политика и со стабилноста на макроекономски план. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески идната недела во земјава доаѓа тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со цел да ги разгледа сите макроекономски показатели и проекции, како и нивното исполнување.
- Мисијата ќе ги разгледа и буџетот, монетарната и кредитната политика, девизните резерви, како и се што следи Фондот. Ние сме целосно отворени и подготвени со сите податоци кои се веќе испратени до ММФ - вели Ставрески и додава дека парите од ММФ, се користат како што е договорено, за буџетските потреби и пред се, за ликвидноста на стопанството.